DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

“Немам каде да се вратам” на Театарот KUNSTWERKSSTATT од Скопје го доби Гран прито на 56 – от ДАФ на Македонија

K1

Жирито во состав Борис Чоревски, Несрин Таир и Катерина Соколова, ја донесе следната одлука после одигрувањето на последната претстава од 56 – то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија, кој заврши синоќа во Кочани:

1.НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА се доделува на аматерската претстава “Возможна Приказна-Абракадабра”, во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово.

2.НАЈДОБРА ЕПИЗОДНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Мила Глигоровска за стабилно и конкретно субјективизирање на ликот на “Теодора Фон Кролок” во претставата “Возможна приказна-Абракадабра” во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово.

3.НАЈДОБРА ЕПИЗОДНА МАШКА УЛОГА се доделува на Орхан Багашов за покажаниот творечки ангажман, за потенцијалот и свежината што ја внесе во своите појави на сцена во улогата на Ѓоре Шекспир, во претставата “Живкова Слава” во узведба на Летечка театарска трупа од Тетово.

4.НАЈДОБРА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Кристина Николова за филигранското пласирање на успешно изградениот лик на Ева во претставата “ Умри Машки”, во режија на Томе Атанасов од Дом на Култура ”Мирка Гинова”, од Демир Капија.

5.НАГРАДА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА се доделува на Виктор Анѓелкоски за врвното актерско мајсторство во улогата на “Џош”, во претставата “ Бенг Бенг и Мртов си”, во изведба на на НУ ЦК ”АСНОМ” од Гостивар.

6.НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА РЕЖИЈА се додолува на Александар Нешкоски за вешто обмислен концепт низ кој мајсторски се провираат интимните идеали кои се вечна проблематика на општеството.

7.НАГРАДА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НОВИ СЦЕНСКИ ИЗРАЗНИ СРЕДСТВА И ЕКСПЕРИМЕНТ ВО АМАТЕРСКИОТ ТЕАТАР се доделува на претставата ”Робоград”, во изведба на АТ Колектив Ветерница Скопје за искреноста во истражувањето и создавањето.

8.НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ГРАН-ПРИ “ВАСИЛ ЌОРТОШЕВ” се доделува на претставата “Немам каде да се вратам”, во режија на Дени Стојанов, за за квалитетна колективна игра со комплицирана естетика во изразување на сериозна светска проблематика, низ која се проткајува будење на општествена одговорност и емпатија во изведба на Театар KUNSTWERKSSTATT- Скопје.

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version