DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Започнува 49 ДАФ Кочани 2013 - „Грк или весела склероза“ на отворањето

Претставата на ЦК „Бели мугри“ од Кочани „Грк или весела склероза“ во режија на Перо Даниловски, вечерва во 20 часот ќе го отвори 49 издание на ДАФ на Македонија...

 

Ова е единствената промена на претходно објавениот репертоар на фестивалот. Кочанската претстава беше предвидена да се игра на 31 мај, но преместена е за денеска. Во останатите денови, нема никакви промени во распоредот на одигрување на претставите.
Непосредно пред првата претстава, поздравно обраќање ќе има кочанскиот градоначалник, Ратко Димитровски. После претставата „Грк и весела склероза“, во 22 часот играат виничани од ДК „Тошо Арсов“. “Додека го чекавме Годо“ е режисерско остварување на Орце Павлов.
Фестивалот на драмските аматери на Македонија ќе трае до 1 јуни, до кога ќе бидат прикажани вкупно 13 претстави, сите на сцената во НУ ЦК „Бели мугри“ во Кочани.

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version