DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

ДАФ Кочани 2013 започна

Најзначајниот собир на драмските аматери во Македонија започна. „Грк или весела склероза“ и „Додека го чекавме Годо“...

 

на актерите аматери на ЦК „Бели мугри“ од Кочани, односно на ДК „Тошо Арсов“ од Виница синоќа се претставија пред кочанската публика.
Претходно, најавувајќи го почетокот на ДАФ 2013, извршниот директор на фестивалот, Благој Пенов, рече дека ако Французите слават јубилеј 40 години од играњето на тенискиот турнир „Ролан гарос“, Македонија уште повеќе треба да го слави ДАФ, бидејќи тој годинава полни 49 години.
За отворен собирот на најдобрите драмски аматерски остварувања во државата го прогласи градоначалникот, Ратко Димитровски, додавајќи дека оваа културна манифестација е едно од главните обележјата по кое Кочани е препознатливо и надвор од нашите простори.
Драмските аматери од Кочани и Виница после одигрувањето на своите претстави на разговорите што ги водеше Драгана Лукан Николовски, ги слушнаа импресиите на членовите на жирито, но ги кажаа и своите размислувања за играта на сцената.
Според програмата на ДАФ, вечерва во 20 часот настапуваат пензионерите од Куманово со претставата „Р“ во режија на Стоје Додевски, а во 22 часот следува претставата „Клуб за доручек“ на гимназиалците на Јосип Броз Тито“ од Скопје во режија на Драгана Гелевска и Ирина Лазарева.

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version