DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Трет фестивалски ден - Три претстави и промоција на книга

Третиот ден од ДАФ (29 мај) започнува со настапот на ДК „Мирка Гинова“ од Демир Капија...

 

Во 13 часот на сцената во ЦК „Бели мугри“ тие ќе ја одиграат претставата „Убавицата и шумскиот ѕвер“ во режија на Мице Пашоевски. Актерската екипа ја сочинуваат Лазе Павловски, Василка Саламаева, Влатко Недев, Маја Петрова, Ангела Пемова...
Во 14 часот според програмта на фестивалот, како придружна содржина, ќе се случи промоција на книгата „Меѓу минатото и сегашноста“ од Иван Ивановски, лауреат на наградата „Димитар Митрев“ за 2012 година. Промотор ќе биде Кристина Николовска.
Во вечерниот дел од официјалната програма повторно настапуваат аматерите од ДК „Мирка Гинова“ од Демир Капија, овој пат со битовата драма од Ристо Крле, „Парите се отепувачка“ во режија на Томе Атанасов. Актерската екипа ја сочинуваат Томе Атанасов, Анита Младеновиќ, Крсте Мелов, Дарко Сакалиев, Вида Трајкова...
Оваа претстава започнува во 20 часот, додека во 22 часот на ред се средношколците од СУГС „ЈБ Тито“ од Скопје (кои и синоќа имаа настап), кои ќе ја одиграат„Класен непријател“ во режија на Румена Димевска, Иван Матиќ и Димитар Јакимовски. Бобан Петковски, Давид Димовски, Ивона Велковска, Марко Стојчевски и Исмет Шабановиќ, ги имаат носечките улоги

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version