DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

„Breakfas“ и „Р“ синоќа

„Најважно е да се учествува, нели, но сега очекуваме и некоја награда“, рече Ирина Лазарева...

 

режисерка на претставата „Клуб за доручек“ на членовите на драмската секција на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, одиграна синоќа на сцената на ЦК „Бели мугри“ во Кочани, на вториот фестивалски ден.
„Задоволна сум од изведбата, како и од актерите. Работевме од септември минатата година. Премиерата беше на 21 април во МНТ. А, сега во Кочани очекувам и награда“, изјави Лазарева.
Станува збор за театарска верзија на амаериканскиот филм „Breakfas“, омилен кај тинејџерите, кои го сочинуваа најголемиот дел од публиката што ја проследи „Клуб за доручек“
Пред гимназијалците од Скопје настапија пензионерите од Куманово со претставата „Р“ на текст на Јордан Плевнеш, во режија на Стое Додевски. На разговорите потоа, актерите-пензионери од кумановското КУД „Ѓоко Симоновски“ добија признание за ентузијазмот, упорноста и енергијата што ги вложиле за да одиграат вака тежок текст.
Денеска во вечерниот дел од програмата на 49. ДАФ во 20 часот настапуваат аматерите од Демир Капија со претставата „Парите се отепувачка“ и повторно скопските гимназијалци од „Јосип Броз Тито“, овој пат со „Класен непријател“

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version