DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Вчера на ДАФ - Промоција на книга театарска критика од Иван Ивановски

Во рамките на придружните манифестации na 49-от ДАФ вчера...

 

се одржа промоција на книгата „Меѓу минатото и сегашноста“ од театраскиот критичар Иван Ивановски. За книгата, која е добитник на престижната награда „Димитар Митрев“ за 2012 година на ДПМ, зборуваше професор д-р Кристина Николовска. „Со ова дело на Ивановски добиваме ние, охрабрени дека највисоките стандарди на критиката достоинствено ќе блеснат. Празник е ова дело, вистински празник не само за театарската фела и академската сфера, туку и за секој вљубеник во театарот. Животот на авторот на ова дело зрачи со врвни компетенции, светски квалитети, но и со вонсериски вредности и невидена емоција и радост кон театарот и театарскиот живот“, истакна професор д-р Николовска.

На промоцијата извадоци од книгата театарски критики „Меѓу минатото и сегашноста“ читаше Милица Стојанова, доајен на македонското глумиште.

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version