DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Одлука на жирито на 49 ДАФ на Македонија

Жири комисијата во состав на Кристина Атанасова Арсова (актер), Изабела Новотни (актер) и Русе Арсов (театарски продуцент) оваа година...

 

можеше да погледне 15тина претстави од целата република и од соседството, каде можеше да се погледнат и детски, и младински но и пензионерски престстави, од сите жанрови и форми на театарската уметност, спакувани во 6 фестивалски вечери.
Жирито процени дека од понудениот избор, треба да додели 8 награди, во седум категории. И покрај тоа, на овогодинешионт Драмски Аматерски Фестивал жирито на фестивалот одлучи Гран При наградата да не биде доделена, бидејќи процени дека ниту една од понудените претстави не се издвојува и не ги задоволува критериумите за истата:

Во категорија за

1. Награда за најдобра споредна женска улога
се доделува на РУМЕНА ДИНЕВСКА
за улогата претставата “Класен непријател” во изведба на членовите од Драмската секција при Јосип Броз Тито од Скопје.

2. Награда за најдобра главна женска улога
ЕМИЛИЈА ЈАКИМОВА
(“Џабе се крева џева за Џони” / Никола Карев Скопје)

3. Награда за најдобра споредна машка улога
МИШКО МИТРОВСКИ
(“Клуб за доручек” / Ј.Б. Тито Скопје)

4. Награда за најдобра главна машка улога (ДЕЛАТ)
АНТОНИЈ ЃОРЃИЕВ
(“Клуб за доручек” / Ј.Б. Тито Скопје)
и
НОВКО ПЕТРУШЕВСКИ
(“Р” / Здраужение на пензионери од Куманово, КУД “Ѓоко Симоновски”)

5. Награда за најдобра режија
ТОМЕ АТАНАСОВ
(“Парите се отепувачка” / Аматерски театар “Мирка Гинова” од Демир Капија)

6. Награда за визуелно/естетски сценски впечаток
за претставата “Стаклена менанжерија” од Тенеси Вилијамс.
изведба на Драмско Ателје “ДИМИТАР ВЛАХОВ” – Струмица

7. Награда за колективна игра
Meѓуопштинска организација за глуви и наглуви PANTOMFEST TEATAR – Врање, Р. Србија за претставата “Љубов” на Трајче Горгиев од Македонија.

Жирито им честита на наградените, а на организаторот му посакува успешни подготовки на следното јубилејно, 50годишно издание на фестивалот.

Кочани, 01-06-2013


Жири:
Кристина Атанасова Арсова (актер),

Изабела Новотни (актер) и

Русе Арсов (театарски продуцент)

 

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version