DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Правила за учество на ДАФ 2014

Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија-Кочани имаат аматерски театри, работлиници, драмски секции, студија, групи и другарства...

...експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање на територијата на Република Македонија и во странство кои творат на полето на драмскиот аматеризам и тоа: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, модерни, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели;

На ДАФ-Кочани настапуваат поединци и групи кои аматерски работат на рецитаторството-убавото кажување на поезија, најдобрите рецитатори од училишните секции, студија, литературни клубови, драмски групи и другарства, здруженија на граѓани...;

На ДАФ-Кочани се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и самостојно го определуваат учесниците во натпреварот за завршните фестивалски денови;

При подготвувањето на драмскиот проект може и пожелно е да се консултураат и ангажираат учени и стручни особи, режисери, артисти, драматурзи, дипл. професори, граѓани...;

Во претставите на аматерските драмски ансамбли не може да настапуваат професионални артисти вработени  во театарските куќи во земјата и странство;

Вкупниот број на членови во театарскиот проект што учествува во подготовка и изведба на драмскиот проект не може да изнесува повеќе од 16 особи за домашен драмски ансамбл, а за меѓународните аматерски драмски ансамбл тој број изнесува 10 особи. Отстапување од одредбата за бројот на учесници може да го направи само Фестивалската управа;

Драмските ансамбли, секој според можностите, пожелно е да отпечатат основен рекламен материјал (плакат, проспект, програма, видео или ЦД запис и сл.) кој е во нивен интерес и за нивна афирмација;

Пријавата за учество на изборот на претстави за ДАФ-Кочани 2014 се доставуваат до канцеларијата на Фестивалот најдоцна до 31. МАРТ 2014 година, на адреса: Драмски Аматерски Фестивал-Кочани, ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани, Република Македонија, или на e-mail адресата:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или пак на факсот: 00 389 033 272 964. За повеќе информации обратете се до извршниот директор г. Благој Пенов, тел: 033 272 964 и моболен: 070 621 726;

Изборот на претставите го извршува републички изборник/селектор именуван од фестивалската управа. Пријавувањето на претставите започнува од месец ФЕВРУАРИ, а изборот на претставите завршува на 30. АПРИЛ 2014 година. Од понудената и проследна драмска продукција во тековната година, изборникот го сочинува и предлага репертоарот и програмата на ДАФ-Кочани до Фестивалската управа.

Фестивалот на драмскиот аматеризам на Македонија е закажан за 26.-31. мај 2014 година во Кочани.
За извршениот избор на претстави секој драмски ансамбл поединечно се известува за изборот, денот и времето на настап, најмалку две седмици пред почетокот на фестивалот;

Правото на програмската шема/репертоарот и редоследот на настапи на ансамблите на фестивалот го задржува ДАФ-Кочани. Само од објективни причини и дејствија кои се во полза на повисоки вредности на драмскиот аматеризам можни се измени во репертоарот. Конечниот збор го има фестивалската управа;

Организаторот е должен на драмските ансамбли да им овозможи една проба на сцената на која го изведуваат драмскиот проект;
Настапот на драмските аматери го оценува тричлено жири именувано од фестивалската управа. Комисијата ги оценува драмските, уметничките и етичките вредности на аматерските драмски претсави;

На ДАФ-Кочани се доделуваат вкупно седум награди: најдобра женска и машка епизодна улога, најдобра женска и машка главна улога, најдобра режија, награда за истражување по нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар и ГРАН ПРИ „Васил Ќортошев“;

По одржана претстава се организираат разговори во присуство на актерите од ансамблот, селекторот, жирито, новинари, гости и заинтересирани граѓани. Разговорите ги организира и води водител на разговорите именуван од фестивалската управа;

Престојот на учесниците на ДАФ-Кочани 2014 го обезбедува Фестивалската управа, Градоначалникот на Кочани и градот домаќин. Домашните ансамбли престојуваат еден ден, а старнските два дена сметано од денот на пристигањето. Патните и дневните трошоци на ансамблите и актерите ги обезбедуваат и ги сносат учесниците на фестивалот;

Во склоп на севкупната фестивалска програма се организираат придружни манифестации од: ликовната, музичката, книжевната, филмската уметност, театарски и книжевен портрет и театарска работилница за аматери режисери и актери;

На покана на фестивалската управа, со претходен договор со изборникот, во чест на наградените, на завршницата се поканува угледна театарска куќа од нашата држава или странство.

05. февруари 2014 год.

К о ч а н и

Драмски Аматерски Фестивал на

Република Македонија-Кочани

Извршен директор,

Благој ПЕНОВ

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version