DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

ПОКАНА за учество во изборот/селектирањето на аматерски драмски проекти

Почитувани,
Годинава драмските аматери од Македонија ќе го одбележат своето педесетто издание, педесет лета на драмско творештво, љуботство, смелост, истражување и љубов кон драмската уметност. Педесетте изданија, со над илјада театарски проекти,  вградија трајни белези на оригинална и самопрегорна работа, знаење и дарба, на плејада драмски  аматери,  актери, режисери, тектстописци, сценографи, светло и тон мајстори...

Почитувани, фестивалската управа на ДАФ на Македонија-Кочани упатува до Вас П О К А Н А за учество во изборот/селектирањето на аматерски драмски проекти за 50-то издание на ДАФ на Македонија-Кочани 2014 закажано за 26. - 31.мај 2014 година.

Доколку се определите да пријавите проект за учество во изборот на претстави пополнете ја пријавата и доставете ја на адресата на фестивалот: Драмски Аматерски Фестивал на Македонија, ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани, или на факс и по е-маил. Пријавувањето можете да го сторите најдоцна до 31.МАРТ  2014 година.

Кога ќе имате завршен драмски проект неопходно е претставата да ја снимите на ЦД и го доставите на адресата на фестивалот најдоцна до 30.АПРИЛ  2014 година. На овој начин изборникот ќе може да го изврши изборот/селекцијата на прпектот.

Доколку веќе имате готов драмски преокт, веднаш можете снименото ЦД заедно со пријавата да го доставите на адресата на фестивалот.

За повеЌе информации обратете се до извршниот директор на ДАФ-Кочани,  Благој ПЕНОВ, на тел./факс: 033 / 272 - 964; моб.: 070 / 621 - 726, и на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..">Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Посетете ја и нашата интернет страница: www.dafkocani.com.

Во очекување на Ваша пријава, посакуваме успешна работа и упатуваме благодарност за соработката и вниманието кон драмскиот аматеризам на Македонија.

Срдечни поздрави,

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version