Третиот ден на Фестивалот започна со театарска претстава за деца „Алиса во земјата на чудата“ работена по текст на Луис Карол, а во режија на Наташа Брезовска-Богоевска. Продукција на драмското студио при ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“. Големата колоритност, разиграноста на децата, како и претходната, не става во дилема, дали степенот на приод кон создавање на театарска претстава веќе е доближен, а во некои случаи и надминат во одност на институциите од областа на културата.

Визуелноста, добриот изборн на музика, свое видување на текстот се особеностите на театарската претстава „Алиса во земјата на чудата“. Наставниците и децата од селото Иванковци ни испратија порака, однесување и приод кон обврски.

Во време кога децата малку читаат еден од начините за мотивација е преку поставување на театарска претстава да го сакаат пишуваниот збор, односно да ја доближат книгата до себе, да читаат.