Вечерва започнува 56 – то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија, чиј домаќин по 43 пат е Кочани.
Фестивалот на драмските аматери од републиката го отвораат две претстави направени од професионалци. Во 18, 30 часот на сцената на ЦК „Бели мугри“ ќе настапи Театарот Страница со претставата (пантомима) „Човекот“ на Трајче Георгиев, актер во МНТ, роден кочанец, кој се „калеше“ во минатото на ДАФ.
Потоа, во 20, 15 часот ќе биде одиграна претставата „Вардарски пастуви“, на Театарот Комедија од Скопје. Ова во минатата година е најнаградуваното театарско остварување кај нас.
Помеѓу двете спомената претстави, во 19, 20 минути, на влезот на кочанската Национална установа ќе се одржи концерт на класична музика на Македонскиот брас квартет.
Првата фестивалска вечер завршува со DJ Александар Јорданов во градскиот парк.
Свеченото отворање на ДАФ 2019 е закажано за 20 часот во ЦК „Бели мугри“.
Оваа година Драмскиот аматерски фестивал на Македонија бележи шеесет години од формирањето. Неговото прво издание се случило 1959 година во Битола под името Републички драмски аматерски смотри (РАДС). Во Кочани е од 1977 година.