„Чаршија“ е претстава во која се игра на текст во кој се „откриваат“ тешки и болни теми: за религијата, љубовта, семејството, децата, за лузни од минатото што се рефлектираат и во денешницата. Автор е Душан Јанковиќ, кој имал само три години кога се распадна поранешната држава, а пишува за настани од Втората светска војна.
На ДАФ, „Чаршија“ го затвори четвртиот фестивалски дена. Ја изведеоа припадниците на ДК „Пиво Караматијевиќ“ од Аматерската театарска сцена, од Прибој, кој има триесетина илјади жители, кои се поделени по религиска основа, Срби (православни) се и муслимани. Режисер е Милорад Дамјановиќ.
Претставата траеше повеќе од еден час и за тоа време во публиката владееше апсолутен молк, интерсот кај присутните беше видливо голем.
Според водителот на разговорите, Димче Николовски, актерите-аматери на сцената во целост го доловуваат текстот напишан од Јанковиќ. Тој смета дека е направена одлична претстава, која треба да се игра се дотогаш додека проблемите што произлегуваат од различностите меѓу луѓето, не се надминат.
Режисерот, Милорад Дамјановиќ, вели дека ја направил „Чаршија“ поради Ибрахим Хасанагиќ, носител на главната улога, кој цели 40 години бил на драмската аматерска сцена во Прибој. Дамјановиќ го смета Хасанагиќ за чувар на културата во нивниот град.
Претставата во Прибој се играла 7-8 пати. Се барало билет повеќе. Девојчиња заљубени во момчиња од друга религија ги воделе во театар своите мајки, за да сватат што е љубов и колку разбирање треба за оние што се сакаат, а по нешто се разликуваат.
Кочанската публика убаво реагираше на „Чаршија“, ја разбра пораката и ја поздрави со силен аплауз.