Заврши 49-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. Во текот на шестте фестивалски дена одиграни се 15 претстави.
Синоќа беше соопштена одлуката на жирито. Доделени се осум награди во седум категории.Највредната награда, Гран Прито на ДАФ не е доделен бидејќи според жирито меѓу понудените нема претстава што се издвојува и ги задоволува критериумите. Наградите ги врачи извршниот директор на ДАФ, Благој Пенов.