Децата од Детското драмско студио на ЦК „Григор Прличев“ од Охрид остварија добра „соработка“ со своите врсници во публиката играјќи ја претставата „Мачка со шапка“ на 26 мај, во детстката програма од Драмскиот аматерски фестивал. Салата во ЦК „Бели мугри“ беше полна и сите беа весели и се забавуваа.

„Задоволни сме од реакцијата на публиката, беше интерактивна, полна сала, одлично ја пречекаа претставата, со овации, им помогнаа на нашите членови да го дадат најдоброто од себе. Тоа, всушност, е формулата за добра претстава“, смета Кристина Тодороска Петреска, драматург во Народниот театар во Охрид, која е дел од екипата што ја создаде претстават „Мачка со шапка“, на текст од Теодор Сус Гејзел. Режијата е на Јасмина Билаловиќ.

„Намерата да се постави овој текст и воопшто да се адаптира за сценска игра, беше токму тоа, да се покаже дека децата треба да се здрави, весели, напати бесни, полнокрвно да живеат и да се забавуваат во своето детсво“, појасни Тодороска Петреска.
Според неа, тимот што работи со Детското драмско студио на Националната установа од Струга , е тим што долго време е посветен на театарската обука. „Тука најзаслужни се Горан Стојановски и Јасмина Билаловиќ, кои што, освен што се актери, исто се и театарски педагози и работат на принципот на форум театар долги години и на некој начин развиваат нови таленти“.

На разговорите после претставата, она што го покажаа децата од Охрид беше оценето како добро. Модераторите сметаа дека малите актери добро ги научиле основите на тетарската игра, не грешеле, добро се однесувале на сцената.