Одиграна е и последната претстава во официјална конкуренција на 55. Драмски аматерски фестивална Македонија. Битолчани од Младинската сцена при „Интимниот театар“ синоќа се претставија со „Меѓу нас е тивко“. Се играше на сцена, а квалитетот што во последните неколку изданија на ДАФ го носеа претставите на „Интимниот театар“, се потврди и со оваа престава. Автори на текстот се Ана Жежовска, Валентин Дамчевски и Симона Павловска.

Тројцата, истовремено се режисери и актери во „Меѓу нас е тивко“.