„Да ви кажам лично се чуствував возбудено пред да започне претставата, но, подоцна кога започнавме, кога видов како публиката не прими, се почуствував убаво. Многу сум задоволен, бидејќи досега на најубав начин ја одигравме претставата, актерите на сцената не направија ниту минимална грешка.
Публиката си го кажа своето на крајот, имаше овации, имаше долготраен аплауз на сцена. Ова е наше прво учество на ДАФ, наша нова лекција“, изјави Џевит Мифтаровски, режисер на „Мирандолина“, претстава на Драмското студио на Центарот за култура од Дебар, која го затвори четвртиот фестивалски ден.
Во вечерната програма, пред дебарчани, својата претстава ја одиграа членовите на Аматерскиот театар „Куманово“ (пензионерска група) од Куманово. Тие настапија со „Зла жена“ од Јован Стерја Поповиќ, во режија на Стоје Додевски и добија силни аплаузи од кочанската публика.