Драмски Аматерски Фестивал на Македонија – Кочани…Оценувачката комисија по проследувањето на понудените драмски проекти ја донесе следната:
О Д Л У К А
1. НАЈДОБРА ЕПИЗОДНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Бисера ДИМИТРИЕВСКА за стабилното и конкретно субјективизирање на ликот на Мелиса во претставата „Ништо без Трифолио“ од Русомир Богдановски, во режија на Стоје Додевски, а во изведба на Аматерски театар „Куманово“ од Куманово;
2. НАЈДОБРА ЕПИЗОДНА МАШКА УЛОГА се доделува на Јовица СИЉАНОСКИ за покажаниот огромен творечки потенцијал и свежината што ја внесе во секоја појава на сцената, во улогата на Диме Такси, во претставата „Големи и мали“ од Бошко Смаќовски во режија на Михајло Петревски, а во изведба на Аматерски театар при НУЦК „Кочо Рацин“- Кичево;
3. НАЈДОБРА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Јована ЈОСЕСКА за филигранското пласирање на успешно изградениот лик – Донка во претставата „Големи и мали“ од Бошко Смаќовски, во режија на Михајло Петревски, а во изведба на Аматерски театар при НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево;
4. НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА се доделува на Јанко ШАРКЕЗИ за врвното актерско мајсторство, во улогата на Франсоа Пињон во претставата „Вечера будала“ од Френсис Вебер, во режија на Александер Бако, а во изведба на КУД „Бранко Радичевиќ“ – Стара Пазова, Република Србија;
5. НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА РЕЖИЈА се доделува на Димитар ШУТЕВСКИ за успешното фузирање на интимните желби и идеалите со проблемите на денешното општество, за претставата „Дисфункција“ од Ана Жежовска, во изведба на Младинска сцена при Интимен театар – Битола;
6. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКА ИНОВАЦИЈА И ИСТРАЖУВАЊЕ ВО АМАТЕРСКОТ ДРАМСКИ ИЗРАЗ на претставата „ДИСФУНКЦИЈА“ од Ана Жежовска, во режија на Димитар Шутевски, а во изведба на Младинска сцена при Интимен театар-Битола, за искрената пожртвуваност и штедроста во создавањето на авторскиот проект.
7. НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ГРАН-ПРИ „ВАСИЛ ЌОРТОШЕВ“
на претставата „ИЛУСТРЦИИ ЗА ТОА КАКО ИДЕЈАТА ГО ЗАПРЕПАСТУВА ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ Е СПРЕМЕН ЗА ТОА“ во режија на Наталија ТЕОДОСИЕВА и Јаков СПАСОВ, за квалитетната колективна игра и вештото извршување на задачите во една комплицирана естетика, а во изведба на театар „Kunstwerkstatt “ при Младински образовен форум – Скопје;
8. СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ на претставата „БУРЕ БАРУТ“ од Дејан Дуковски во режија на Јован Цветковски, а во изведба на НАТГ „Аматер“ – Охрид, за зрелиот и сериозен пристап при доловувањето на комплексните прашања што ги поставува современата пиеса „Буре барут“;
9. БЛАГОДАРНИЦА НА МАРИЈА ХРИСТОВА ЗА НАЈРЕДОВЕН ПОСЕТИТЕЛ НА 53-ТО ИЗДАНИЕ НА ДАФ – КОЧАНИ 2017
К о ч а н и
03. јуни 2017 година
Оценувачка комисија на ДАФ на Македонија – 2017
М-р Димче НИКОЛОВСКИ, претседател,
Андреа ГОЛУБ, член
Венцо ДИМИТРОВ, член