Во рамките на официјалниот дел од програмата на педесетото издание на ДАФ, синоќа во Кочани како прва беше одиграна претставата „Кој кога?“ на Аматерското позориште „Јанко Чеман“ од Пивница, Србија. Престават се играше на словачки јазик, на текст во режија на Катарина Хитзингер. Улогите ги играа Јован Кмечко, Јосип Хрчек, Јарослав Шимон и Инес Пинчур.