Од 26.-31.мај 2014 година во Кочани, ќе се одржи 50-то издание на Драмски аматерски фестивал на Македонија.

Подготовките за овој културен настан се во звршна фаза. Имаме ниет да ја информираме општествената и културната јавност за завршните организациони активности, за одлуката на селекторот/изборникот на ДАФ на Македонија 2014, за програмата и придружните манифестации, за жирито, водителите на разговори, театарската работилница и друго. Почитувани како седма сила во државата, како медиуми преку кои можеме јавноста да ја информираме за овој несекојдневен настан, Ве покануваме на пресс конференција на 20. мај 2014 година (вторник) со почеток во 11:00 часот. Конференцијата ќе се одржи во ресторан „Фуфо-Галија“ во Скопје. Со надеж дека настанот ќе го завреди Вашето внимание и со присуство ќе го удостоите големото семејство на драмски аматери од Македонија, најучтиво благодариме за покажаниот интерс и соработката.

ДАФ на Македонија-Кочани Извршен директор, Благој ПЕНОВ