Здружение Драмски Аматерски Фестивал на Македонија – Кочани, тел.: 033/272-964; моб. 070/621-726

Врз основа на Закон за Здруженија и фондации (Сл. весник на Република Македонија, број 52, од 16.04.2010) и член 16 од Статут на Здружение Драмски Аматерски Фестивал на Македонија-Кочани закажувам седница на СОБРАНИЕТО на ДАФ на Македонија-Кочани за 28.февруари 2015 година (САБОТА) со следниов предлог:

Дневен ред
1. Усвојување на Записик од претходната седница на Собранието (17.02.2014);
2. Годишен извештај за работата на ДАФ-Кочани со Извештај за паричното работење во 2014 година;
3. Одлука за усвојување на Годишна сметка на ДАФ-Кочани 2014;
4. Информација за поднесени проекти за работа во 2015 година до Министерство за култура, Градоначалник на Кочани и Собрание на Општина Кочани;
5. Тековни прашања.

Седницата ќе се одржи во просториите на Национална установа Центар за култура „Бели мугри“-Кочани со почеток во 12:00 часот. Замолуваме за присуство на седницта за што најучтиво благодариме.

23. февруари 2015 год. Собрание на ДАФ на Македонија
Кочани, г. Емил РУБЕН, претседател