На вториод ден од Фестивалот, во 21:15 часот, во Салон 2 на Центарот за култура, како пропратен настан го проследивме презентирањето „Шекспир меѓу Македонците, од Триполи до Скопје по трагите на преводот на ракопис од 1908 година на ’Венецијанскиот трговец’ во превод на Тодор Лазаров“. На истата свое обраќање имаа Дарко Јан Спасов, Јовица Тасевски-Етернијан и Магдица Лалова, односно Шамбевска.
Дарко Јан Спасов се осврна на преводот на Шекспировиот „Венецијански трговец“ направен од штипјанецот Тодор Лазаров Хаџидимитриев за кој истакна дека е работен на тогашниот бугарски книжевен јазик, но со примеси на зборови од штипското говорно подрачје, е работен врз основа на претходен француски превод. Јовица Тасевски-Етернијан изнесе основни информации за НУБ „Климент Охридски“ – Скопје, зборуваше за Тодор Лазаров кој меѓудругото истакна „ Имајќи гипредвид испориските услови во Македонија во периодот кога живее, дејствува и твори Тодор Лазаров, како и трагичниот животен пат на овој револуционер-идеалист и интелектуалец-полиглот исполнет исполнет со многу премежија, неговиот превод на ’Венецијанскиот трговец’ од Шекспир во османлиската зандана во 1908-та година може да го спетаме за подвиг“. А пак Магдица Лалова, кочанчанка вработена во НУБ „Климент Охридски“ – Скопје зборуваше за соработката со Драко Спасов, за значењето на преводот како дел од три милионските архифски единици кои се наоѓаав во депоата на Библиотеката.
Тодор Лазаров Хациниколов е роден 1869 година во Штип, основно образование завршил во родното место, а гимназија во Солун. Одлично ги познавал францускиот турскиот и персискиот јазик. Се самоубива во 1912 година во Софија.