До Управата на Фестивалот доставен е првиот ЦД запис од театарска претстава која конкурира за влез во официјалната програма на 55 –иот ДАФ на Македонија Кочани 2018. Станува збор за Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, која испрати пријава и ЦД запис од претсавата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Слободанка Чичевска.
Освен ова, пристигнаа уште неколку пријави. Училишниот театар „Мечтатели“ при СОУ Гимназија „Добро Даскалов“ од Кавадарци го пријави драмскиот проект „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, а во режија на проф. Катица Манева. Драмската секција при ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево го пријави драмскиот проект „Токмаците и биљбиљот“ работен според Македонска народна приказна, во режија на Мартин Милчевски. Драмско студио „Р“ од Штип се пријави со претставата „Енци менци одделенци“, авторски проект на Трајче Кацаров. Драмската група „Дон Кихот“ од Гевгелија се пријави со „Кројач за дами“ од Жорж Фејдо, во режија на Даниела Џиџева.
Пријава пристигна и од Прилеп. Тоа е Театарот „Чин 4, сцена 5“. Насловот на претставата е „600 613 – каде ми се другарите“ во режија на Саша Нацевски. Проекто е компилација од текстови на Ристо Крле, Васил Иљоски, Антон Панов – документарен материјал, писма и сведоштва. Ова се достасаните пријави од изминатава седмица.