Пријавите за учество на 50-то издание на ДАФ можат да се доставуваат заклучно со 31 март годинава.
 
При испракањето на елктронската пошта направена е ненамерна грешка од технички карактер, според која последен рок за пријавување за учество е наведен 31 мај. УО на ДАФ се извинува за ненамерно направената грешка и посочува дека краен рок за пријавување претстави кои ќе влеазат во изборот за учество на овогодишниот ДАФ е 31 март.
 
Пријавите пополнети треба да се достават на адресата на Фестивалот : Драмски аматерски фестивал на Македонија, ул. „Кеј на Револуцијата“ бб, 2300 Кочани, или на факс (033/272 – 964) и по e-mail. Кога, пак, драмскиот проект е завршен, неопходно е претставата да биде снимена и на ЦД доставена на адресата на фестивалот. За ова краен рок е 30 април 2014 година.