Претставата „Ана чекаше“ на Аматерскиот театар „Хранислав Драгутиновиќ“ од Прокупље беше оценета како автентична и како вистински „прототип“ на српскиот драмски аматериза, кој на ДАФ е присутен години наназад. „Оттаму редовно ни доаѓа квалитет“, нагласи новинарот Тодор Кузманов, кој ги води разговорите со актерите после претставите, кои годинава се одржуваат секој нареден ден, во кафулето направено за оваа намена, наспроти влезот на ЦК „Бели мугри“.
Играта на актерите од Прокупље, чиј аматерски тетатар идната година слави еден век постоење, беше оценета како солидна, на завидно ниво, зрела и ефекктна.
Претставата „Покондирана тиква“ на гимназијалците од „Раде Јовчевски – Корчагин“ е сосема поинаква, беше кажано во непосредните разговори. Работена е според текст на Стерија Поповиќ. Адаптацијата ја има направено Уна Николоска, и самата средношколка во „Корчагин“, и тоа на добар начин, рече Кузманов. „Проектот е амбициозен и во претставата се препознава писателската интервенција на Уна. Таа вметнала, инкорпорирала сегашни случувања на што публиката реагираше“. Сепак оценките одат во насока дека претставата беше предолга, дека се губи ритамот и темпото, односно дека изведувачите не се созреани до ниво – како ќе ја започнат претставата, така и да ја завршат.
Водителот на разговорите Тодор Кузманов на младите актери од Скопје им посочи дека нивната „Покондирана тиква“ ќе биде многу поефектна доколку се скратат некои свцени и доколку нема силно опуштање на сцената.