„Многу убаво е кога на еден фестивал, кој слави педесетгодишен јубилеј, влезе во конкуренција оваа моја адаптација на „Малограѓанска свадба“ на Бертолт Брехт, што ја насловивме „Свадбата на Мара“. Многа интересно е што ова драмско атеље на СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица повеќе години наназад со многу силна желба работи тетатрски претстави. Лани со „Стаклената менажерија“ успеавме да собереме доста награди, ќе се обидеме и годинава истото да го сториме со адаптацијата на текстот на Брехт“, рече режисерот на претставата на струмичката Гимназија, Кире Ѓоргиев, откако синоќа се претстави пред кочанската публика. Настапија десетина млади актери, кои играа на тема „малограѓанштина“ и често на помош имаа „жива“ музика, карактеристична за наши свадбени веселби.