До 05.април на нашата електронска пошта се пристигнати ново пријавени аматерски драмски проекти и тоа од: Гимназија „Јосип Броз Тито“-Скопје се пријави со драмскиот проектот „С-сигурност, О-обврска, Б-блискост, А-афинитет“, автор на текстот Емилија Величковска, а во режија на Розе Симоновска; Аматерско позориште „Јанко Чеман“-Пивнице, Република Србија со „Таинствен шепот“ од Вацлав Шуплата во режија на Јарослав Шимон ; Драмска секција „Софија“ при ООУ „Страшо Пинџур“ од Јосифово со „Среќниот принц“ од Оскар Вајлд во адаптација и режија на Билјана Ѓоргиевска, наставник по македонски јазик; ООУ „Сандо Масев“-Струмица го пријави драмскиот проект „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Кире Ѓорѓиев; Младинска сцена при Интимен Театар од Битола со проектот „Меѓу нас е тивко“, автори на текстот: Ана Жежовска, Симона Павловска и Валентин Дамчевски, во режија на Софија Ристевска Петрушева.