„Треба да кажам дека сум презадоволен од тоа што го видов вечерва, затоа што премиерата помина пред некои месец дена и ова што како период поминало од некаква, ајде да ја наречеме дигресија и од некое уигрување последниве неколку претстави што ги имаа децава. Значи она што го видов вечерва ме изненади и мене во смисла на полна енергија, во смисла на посветеност – можам само да кажам дека сум презадоволен од изведбата вечерва“, рече режисерот Трајче Ѓоргиев, за играта на Марија Ѓоргиева, Тоше Ѓоргиев и Александар Арсов во неговата „Просидба“ од Антон Павлович Чехов, со која беше затворан репертоарот од првиот фестивалски ден.

Вечерта на отворањето на 52-то издание на ДАФ на Македонија, всушност, му припадна токму на Ѓоргиев, бидејќи тој ја режираше и претставата „Хамлет“ на аматерите од малото гратче во Словенија, Ивачна Горица.