Почитувани вљубеници во театарската уметност, фестиваската управа на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани објавува дека во рамките на 50-то издание на ДАФ на Македонија ќе организира Театарска работилница за аматери режисери и актери. Предавачи се угледни професори од Факултетот за драмски уметности од Скопје. Котизацијата по учесник изнесува 4 000, оо денари и треба да се уплати на сметката на фестивалот : Драмски аматерски фестивал Кочани, сметка : 300050000009588, Комерцијална банка АД. За повеќе информации обратете се до управата на ДАФ Кочани, телефон : 033 272 961 и 070 621 726 или на e-mail. Работилницата ќе се одржи од 26 до 31 мај 2014 годиниа. Крајниот рок за пријавување е 25 мај 2014 година.

Фестивалска управа на ДАФ на Македонија.