Карактеристика за настаните од третиот ден (27. 05) на Драмскиот аматерски фестивал е поголемото присуство на публиката.
За детската претстава „Снег во јуни“ на ООУ „Гоце Делчев“ од Штип која се одигра во дневниот термин речиси и да немаше слободно место, промоцијата на книгата „Вертикали“ (во салонот на ЦК „Бел мугри“ од источната страна), исто така помина без празно столче. Во вечерниот термин „Добра ноќ Патриција“ на Аматаерскиот театар при ЦК „Кочо Рацин“ од Кичево ја следеа гледачи во бројка двојно поголема отколку на претставите во претходните два дена. Со просечна (но пристојна) посетеност помина едниствено „Мозаикот наречен Велес“ на Младинското драмско студио „Словото“ од Велес најверојатно поради доцниот термин од 22, 30 часот.
Трите претстави беа интересни и наидоа на добра реакција кај публиката, иако на разговорите добија различни оценки и видувања од водителот и од членови на жирито.