Драмскиот аматерски фестивал, 55 – то издание, започна синоќа на поинаков начин во однос на претходните години. На отворена сцена, пред бистите на Љупчо и Раде, освен официјално-протоколарниот дел, кој се заврши во големата сала на ЦК „Бели мугри“. Имаше ди-џеи, џез концерт, многу дружење, и театар, се разбира.

„Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа“ беше прва одиграна претстава на изданието од оваа година. Убаво склопена и интересна игра на возрасни актери – аматери од Културното и спортско друштво „Шатор Шторје“ од Сежана, Словенија. Уличен театар, најдемократска форма на драмскиот израз.

Момче со звуците на својата хармоника ја повикуваше публиката. Интересно беше. Јазичната бариера можеби беше мал проблем, но играта и спонтаност на Словенците привлекуваше.