Заврши 56 – от Драмски аматерски фестивал на Македонија кој се одржа во Кочани од 27 мај до 1 јуни. Победникот се знае, тоа е претставата „Немам каде да се вратам“ на Младинскиот образовен форум од Скопје.

Последни на сцената во саботата вечер се појавија гостите од Белград, од „Дах театар“, кои на сцена ја одиграа „ММЕ ко је први почео“ од Дејан Дуковски. Преку фотографиите ја пренесуваме атмосферата при доделувањето на наградите.