Претставата „Љубовна приказна“ е работена на текст (циклус од повеке љубовни приказни) од Јукио Мишима, автор кој не е многу познат. Јапонец е и по негови предлошки се снимани филмови. „Сметам дека со оваа претстава ја изненадивме публиката. Реакциите беа позитивни, иако приказната е навидум тешка, дури претешка. Но, ако се има концепт и ако се има актери, кои со својата игра можат да го пренесат текстот на сцената, на начин што тоа ќе биде разбирливо и податливо за гледачот, тогаш не е проблем. Мислам дека успеавме во тоа“, вели режисерот Кире Ѓоргиев. „Љубовна приказна“ се играше синоќа, на помалата сцена (во однос на онаа ЦК „Бели мугру“) во МКЦ во Кочани. Драмската аматерска група од СОУ „Богданци“ – Богданци е нова. До сега има поставено уште еден драмски проект со истиот режисер и актерите Елена Минева и Мартин Кралески, кои играат и во „Љубовна приказна“.