„Уште еднаш ви честитам за играта. Много комплексна претстава, ама прекрасна. Беше се во ред, се што треба да има сте направиле. Едноставно, немам ниту една забелешка како е поставена претставата, за сценографијата, костимографијата, се беше супер“- вака им се обрати на четворицата актери од „Авионспотинг“, водителот на разговорите Димче Николовски, м –р по режија.

Станува збор за претстава која во промотивниот материјал е „добјаснета“ дека е „едночинка за атерирањето“. Автор на текстот е Ива Брдар, а режисер Зоран Ракочевиќ. Ја играа членовите на Колашинскиот аматерски театар од Колашин, Црна Гора, на вториот ден од ДАФ, на 24 мај во вечерниот термин од 22, 15. И беа прекрасни, според реакцијата на публиката, која со аплаузи црногорските актери ги држеше можеби уште 5-6 минути на сцена, откако тие ја завршија својата игра и сакаа да си заминат.

На разговорите потоа во фоајето на „Бели мугри“ оценка на речиси сите од фелата беше дека всушност, „Авионспотинг“ ја минал линијата на аматеризмот и дека претставата е рамна на она што го работат професионалните актери и режисери.