Вториот ден од ДАФ, вторник, 30 мај 2017 година започна со дневна програма, театарска претстава за деца, „Ние,врапчињата“ работена по текст на бугарскиот автор Јордан Радичков, режија: Јулијана Талеска, Аднан Мехмети и Ирена Папиќ. Како продуценти се јавуваат три основни училишта, од три населени места, ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, ЦОУ „Лирија“ – Житоше и ООУ „Добре Јовановски“. Различноста не претставува бариера на 23 дечиња да ни донесат интересна претстава и порака. Претставата е работена како составен дел на проектот: „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштaта“.
Во вечерниот програм на сцената на Центарот за култура во 19:50 часот ќе ја проследиме претставата „Ништо безТрифолио“ работена по текст на Русомир Богдановски, режија на Стоје Додевски а во продукција на Аматерскиот театар „Куманово“ – Куманово.
Во 22:15 часот Младинскиот образовен форум – Скопје, театар „Kunstwerkstatt“ ќе се претстави со претставата „Илустрации за тоа како идејата го запрепасува човекот кој не е спремен за тоа“ текст Даниел Хармс, а во режија на Наталија Теодосиева и Јаков Спасов.
Како настан надвор од фестивалот во 21:15 часот во салон на Центарот за култура ќе го проследиме настанот „Шекспир меѓу Македонците“, од Триполи до Скопје по трагите на преводот на ракопис од 1908 година на ’Венецијанскиот трговец’ во превод на Тодор Лазаров“. Како промотори на настанот се јавуваат НУ НУБ „Климент Охридски“ – Скопје и Дарко Јан Спасов.