„Ние не сме прв пат овде, петта година гостуваме во Кочани, секоја година ни е нов предизвик.

Можам да ви кажам дека нашиот театар е еден од најстарите во државата, формиран во седумдесетите од минатиот век, ребрендираан со оваа трупа која работи веќе 11 години. Го имамае прошетано голем дел од светот, нема некаде што не сме играле низ нашата држава, сега се вративме од турнеја во Канада, но ваков аплауз и ваков фитбек како денеска во Кочани, јас долго време не паметам да сме доживеале, а паметам добро и долго“, задоволен од изведбата ни рече Владимир Јовановски, автор и режисер на „Дом за старци“ на Летечката театарска трупа од Тетово.

„И се заблагодарувам на публиката која е одлично едуцирана театарски, што мене страшно ме радува, бидејќи сепак, ние игравме на дијалект кој не е кочански“, смета Јовановски.
Во „Дом за старци“ значаен сегмент беше музиката.

„Ние всушност сме уникатна театарска трупа бидејќи ретко играме претстави од туѓи автори. Претставите се пишуваат специјално за нас, таков ни е типот на работа, така да кога ќе напишете текст за специјален театар, тогаш многу е лесно да се најде музика која ќе се вклопи со идејата. Всушност, ние, низ призмата на комедијата протнавме една сериозна идеја. Практично ја објаснивме смислата на животот, што е тоа што треба да го научиме додека сме во помлади години и што е тоа што треба да го знаеме кога ќе заминеме во подоцнежните, повозрасните години. Музиката и текстот, мизансценот беа одличен сублимат на оваа претстава и затоа оваа приказна доживува ваков успех. Јас тоа го знам како режисер, актерите го знаат и затоа сме сигурни на сцена и не сме имале лош фитбек барем за оваа претстава. Особено денеска сум задоволен затоа што публиката навистина добро одговори на нашата игра“, истакна Јовановски.