Вториот ден, вторник, 30 мај 2017 година започна со дневна програма, театарска претстава за деца „Ние, врапчињата“ работена по текст на бугарскиот автор Јордан Радичков, режија: Јулијана Талеска, Аднан Мехмети и Ирена Папиќ. Како продуценти се јавуваат три основни училишта: ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, ЦОУ „Лирија“ – Житоше и ООУ „Добре Јовановски“ – Прилеп.
Различноста не претставува бариера на 23 дечиња, кои ни донесоа интересна претстава и порака. Претставата е работена како составен дел на проектот: „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата“.
Театарските работници се задоволен од приодот кон претставата и од она го направиле, не само режисерите, туку и сите останати кои на било каков начин учествувале во создавањето на заедничкиот проект. Од вклученоста на родителите, колегите наставници, актерот Александар Тодески кој несебично помагал во сценската игра, и пред се децата од училиштата, посебно оние кои се дел од претставата изработувајќи сценографски и пред се костимографски елементи..