Настаните од културата скоро секогаш имаат свои помагатели. Драмскиот аматерски фестивал на Македонија ги имаше и во текот на 56 – то издание. Покрај останатите, висока општествена одговорност покажаа Винарската визба Попова Кула од Демир Капија, чии вина ги вкусија учесниците и посетителите на ДАФ, потоа, Винчини, односно Макпрогрес од Виница, интернационална компанија која своите кондиторски производи ги извезува во повеќе од 55 земји во светот, како и Кожувчанка, минерална вода од висока А класа.

Драмскиот аматерски фестивал искрено и со почит им благодари и се надева на понатамошна соработка.