„Домот на Бернарда Алба“ се одигра синоќа во рамките на 50-то издание на ДАФ на Македонија што беше четврта изведба на оваа претстава чиј режисер е Кристина Атанасова Арсова, после премиерата минатиот месец. Како и во претходните три наврати и овој пат, на фестивалската изведба, се покажа дека врсниците на оние што играат на текстот на Федерико Гарсија Лорка, ја сакаат оваа претстава. Салата беше пристојно полна, а реакциите на публиката, како на премиерата, со мноштво аплаузи. „Домот на Бернарда Алба“ е претстава во продукција на Аматерскиот театар на ЦК „Бели мугри“ од Кочани. Со друга поставка на истиот текст на Лорка, кочанската Национална установа веќе има добиено награди на најзначајната драмска аматерска манифестација во Македонија.