По проследувањето на понудените драмски проекти, жирито во состав : Ангелчо ИЛИЕВСКИ, режисер и претседател на комисијата и членовите:

Драгана СТОЈЧЕВСКА, режисер, Милош АНДОНОВСКИ, режисер и Тодор КУЗМАНОВ, театарски критичар, ја донесе следната:
О Д Л У К А
1. СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ за најуспешна претстава се доделува на Патувачки театар „Поклони се и падни“ при КУД „Дримкол“-Вевчани, за претставата „Јованче и Марика“ од Браќата Грим, во режија на Душко КУКОСКИ, заради прецизно осмислена инсценација на познатата бајка за деца.
2. НАГРАДА ЗА СЦЕНСКИ ИНОВАЦИИ И ТЕАТАРСКИ ЕКСПЕРИМЕНТ се доделува на Театарската група „Без маска“ при Интимен театар-Битола, за претставата „Барбара те сакам“, заради оригинален сценски пристап во толкување на актуелни настани и теми кои ги засегаат младите.
3. НАЈДОБРА ЕПИЗОДНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Весна ПАНОВСКА за улогата на Фјокла ИВАНОВНА во претставата „Женидба“ по текст на Николај Василевич ГОГОЉ, заради енергичен и развоен процес во градењето на ликот.
4. НАЈДОБРА ЕПИЗОДНА МАШКА УЛОГА се доделува на Амар ЧОРОВИЌ во претставата „Бетон махала“ по текст на Бранислав НЕДИЌ, во режија на Бранислав ТРИФУНОВИЌ и Рифат РИФАТОВИЌ, заради толкување на повеќе ликови и манифестирање на завидно ниво на актерска трансформација.
5. НАЈДОБРА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Сара ИЛИЌ за улогата на продуцентот Весна во претставата „Недоразбирање во d-moll“, заради суптилна сценска игра, енергична и сугестибилна актерска креација.
6. НАЈДОБРА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА се доделува на Адријан СТЕФАНОВ за улогата на Старецот во преставата „Столови“ од Ежен ЈОНЕСКО, режија Перо ДАНИЛОВСКИ, во продукција на Центар за култура „Бели мугри“-Кочани, за сугестивен актерски израз и за развиено чувство за присутност на сцена.
7. НАЈДОБРА РЕЖИЈА И ОРИГИНАЛЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ, се доделува на Давид ЈОВАНОВИЌ за претставата „Недоразбирање во d-moll“, за сугестивна драмска приказна и за убава сценска реализација.
8. ГРАН ПРИ се доделува на претставата „БЕТОН МАХАЛА“ по текст на Бранислав НЕДИЌ, режија Бранислав ТРИФУНОВИЌ и Рифат РИФАТОВИЌ, во продукција на аматерскиот театар од Нови Пазар, Република Србија, за експресивна актерска игра и длабока хуманистичка порака.

30.мај 2015 година,Жири на ДАФ на Македонија-Кочани

Ангелчо ИЛИЕВСКИ, претседател

К о ч а н и