Претставата на ЦК „Бели мугри“ од Кочани „Грк или весела склероза“ во режија на Перо Даниловски, вечерва во 20 часот ќе го отвори 49 издание на ДАФ на Македонија…

Ова е единствената промена на претходно објавениот репертоар на фестивалот. Кочанската претстава беше предвидена да се игра на 31 мај, но преместена е за денеска. Во останатите денови, нема никакви промени во распоредот на одигрување на претставите.
Непосредно пред првата претстава, поздравно обраќање ќе има кочанскиот градоначалник, Ратко Димитровски. После претставата „Грк и весела склероза“, во 22 часот играат виничани од ДК „Тошо Арсов“. “Додека го чекавме Годо“ е режисерско остварување на Орце Павлов.
Фестивалот на драмските аматери на Македонија ќе трае до 1 јуни, до кога ќе бидат прикажани вкупно 13 претстави, сите на сцената во НУ ЦК „Бели мугри“ во Кочани.