Вечерната програма од вториот ден на ДАФ ја отворија гимназијалците од „Св. Климент Охридски“ од Охрид. Тие ја одиграа комедијата „Странци“ од Паоло Џеновезе. Режисерката Ирена Бачиќ изрази задоволство од момчињата и девојчињата што се појавија на сцената, земајќи го во предвид фактот што тие се ученици и што имаат и други обврски. Салата во ЦК „Бели мугри“ беше речиси полна.

„Со оглед на тоа што актерите се четиринаесет, петнаесет и шеснаесетгодишни , јас сум задоволна од нивната вечерашна игра. Задоволна сум од посетеноста, од реакцијата на публиката, која се однесуваше коректно. Беше тивка за да може да се проследи секој дијалог. Затоа што во Кочани сцената е подлабока, во позадина. Навистина беше добро.

Ова е наше трето учество на фестивалот. Ми се допаѓа ДАФ. Се подобро е..Што се однесува до наградите, да бидеме искрени, секој што доаѓа овде, се надева барем на некоја од наградите. За моите актери, така како што играа, така како што си заслужија, тоаков ќе биде исходот“.