Аматерскиот театар „Репетициона 04“ синоќа играше на текст од драмата „Недоразбирање“, напишана од нобеловецот Алберт Ками. Ова е приказна за убиство на синот кој после долги години печалба се вратил дома. Драмата обработува иста тема како и „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.
Соња, Ана, Борче и Стефан според реакцијата на публиката, приказната на Ками на убав начин ја доловија на сцената.

„Всушност, станува збор за апсурдна драма. Го одбравме овој текст, најпрвин затоа што ни беше предизвик, второ, мислевме дека токму таа драма опфаќа едно општествено прашање кое ги мачи сите со години, а тоа е моќта на парите и до кој степен тие можат да го доведат човекот, па дури и да ја загуби човечноста во себе“, појасни Ана Марковска, која е режисер на претставата и ја игра улогата на Мајката.

Аматерскиот театар „Репетициона 04“ е дел од ЦК „Ацо Шопов“ од Штип. Недоразбирање ја играле десетина пати на разлини сцени во Македонија. Со неа настпиле и на фестивал во Бугарија.
„Не размислуваме за награда, довелен ни беше аплаузот од публикта“ – рекоа после завршувањето на нивниот настап на вториот ден од ДАФ, четирите актери од „Недоразбирање“.