„Џабе се крева врева за Џони“ е третата претстава за тинејџери одиграна на ДАФ. Членовите на драмската секција на  СУГС „Никола Карев“ од Скопје на сцената на ЦК „Бели мугри“ настапија синоќа. Оваа претстава, чиј режисер е Митко Димовски, беше последна што се одигра во официјалниот дел од програмата на 49 – тото издание на овогодишниот ДАФ.