„Во суштина претставата беше кратка, затоа што ‘Хамлет’ трае некои 4-5 часа во зависност од видувањето. Во постановката што ја направив во Словенија во август минатата година, интевенирав во текстот затоа што, сепак, тоа е аматерска група која прв пат се соочува со стих. Имавме доста незавидна ситуација во смисла на кастингот ако така може да се нарече, бидејќи Иванчна Горица е мало место и нема некој избор во смисла на актери и актерки. Видовте и сами дека Хамлет го играше девојка. Мене ме радува тоа што на некој начин успеав да го поврзам Шекспир, Хамлет и оваа млада група со тоа истражување во самиот стих, во самото осознавање што значи Хамлет, што значи Шекспир, пред се тој судир со стихот кој е тешко да се изговори за професионални актери, а камоли за една група која прв пат се среќава со ваква материја. Тие воглавно имаат работено детски претстави во минатото. Сепак, ми се чини дека тие и јас како режисер успеавме да направи претстава која е гледана, доста ја играат низ Словенија. Ете ја виде и публиката во Кочани. Се надевам дека се задоволни иако јазикот може да биде некаква бариера. Но, се претпоставува дека публиката што доаѓа на фестивалот треба да има некаково познавање, ако не за целото дело на Шекспир, тогаш барем за Хамлет, кој е некаква основа за театарот“, изјави после претставата режисерот Трајче Гјоргиев.