Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи и другарства, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање на територијата на Република Македонија и во странство кои творат во полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, модерни, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели;

    • На ДАФ – Кочани настапуваат поединци и групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторството – убавото кажување поезија, како и најдобрите рецитатори од училишните секции, студија, литературни клубови, драмски групи и другарства, здруженија на граѓани, итн.;
    • На ДАФ – Кочани се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и од странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и одредуван од страна на учесниците во натпреварот во рамките на завршните фестивалски денови;
    • При подготвувањето на драмскиот проект може (и пожелно е) да се консултураат и ангажираат учени и стручни лица, режисери, артисти, драматурзи, дипл. професори, граѓани, итн.;
    • Во претставите на аматерските драмски ансамбли не може да настапуваат професионални артисти вработени во театарските куќи во земјава и во странство;
    • Вкупниот број на членови во аматерскиот театар што учествува во подготовка и изведба на драмскиот проект не смее да надминува повеќе од 16 лица за домашен драмски ансамбл и 10 лица за меѓународни аматерски ансамбли.Отстапување од одредбата за бројот на учесници може да биде одобрено само од страна на Фестивалската управа;
    • Пожелно е драмските ансамбли, секој според можностите, да отпечатат основен рекламен материјал (плакат, проспект, програма, видео или ЦД-запис и сл.) кој е во нивен интерес и за нивна афирмација;
    • Пријавите за учество на изборот на претстави за ДАФКочани 2020 се доставуваат најдоцна до 15 АПРИЛ 2020 година, на е-пошта: .Повеќе информации можете да добиете од извршната канцеларија на ДАФ на Македонија, на телефоните: 033/272-964 и 070/621-726;
    • Изборот на претставите го извршува републички изборник/селектор именуван од страна на Фестивалската управа.