• Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија-Кочани имаат аматерски театри, работлиници, драмски секции, студија, групи и другарства, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање на територијата на Република Македонија и во странство кои творат на полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, модерни, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели;
  • На ДАФ-Кочани настапуваат поединци и групи кои аматерски работат на рецитаторството – убавото кажување на поезија, најдобрите рецитатори од училишните секции, студија, литературни клубови, драмски групи и другарства, здруженија на граѓани…;
  • На ДАФ-Кочани се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и самостојно го определуваат учесниците во натпреварот за завршните фестивалски денови;
  • При подготвувањето на драмскиот проект може и пожелно е да се консултураат и ангажираат учени и стручни лица, режисери, артисти, драматурзи, дипл. професори, граѓани…;
  • Во претставите на аматерските драмски ансамбли не може да настапуваат професионални артисти вработени во театарските куќи во земјата и странство;
  • Вкупниот број на членови во аматерскиот театар што учествува во подготовка и изведба на драмскиот проект не може да изнесува повеќе од 16 лица за домашен драмски ансамбл, а за меѓународните аматерски ансамбли тој број изнесува 10 лица. Отстапување од одредбата за бројот на учесници може да го одобри само Фестивалската управа;
  • Драмските ансамбли, секој според можностите, пожелно е да отпечатат основен рекламен материјал (плакат, проспект, програма, видео или ЦД запис и сл.) кој е во нивен интерес и за нивна афирмација;
  • Пријавите за учество на изборот на претстави за ДАФ-Кочани 2020 се доставуваат најдоцна до 15. АПРИЛ 2020 година, на е-пошта: dafkocani@gmail.com. Повеќе информации можете да добиете од извршната канцеларија на ДАФ на Македонија, на телефоните: 033/272-964 и моболен: 070/621-726;
  • Изборот на претставите го извршува републички изборник/селектор именуван од фестивалската управа.

Целосно  снимената претстава, видео материјалот испраќајте го преку cloud системите (we transfer, dropbox, google drive, one drive и слично). Покрај видео материјалот доставете го и текстот според кој е работена претставата во ворд, пдф фотмат или скен.

Снимената претстава и материјалот треба да биде испратен на godonebo@gmail.com најдоцна до 30.април 2020 година кога и завршува изборот на претставите.

  • Од понудената и проследна драмска продукција во тековната година, изборникот/селекторот го сочинува и предлага репертоарот и програмата на ДАФ-Кочани 2020 до Управниот одбор. Фестивалот на драмскиот аматеризам на Македонија е закажан за 22. – 29. МАЈ 2020 година во Кочани.
  • За извршениот избор на претстави секој драмски ансамбл поединечно се известува за изборот, денот и времето на настап, најмалку две седмици пред почетокот на фестивалот;
  • Правото на програмската шема/репертоарот и редоследот на настапи на ансамблите на фестивалот го задржува ДАФ-Кочани. Само од објективни причини и дејствија кои се во полза на повисоки вредности на драмскиот аматеризам можни се измени. Конечниот збор го има изборникот и фестивалската управа;
  • Организаторот е должен на драмските ансамбли учесници на ДАФ на Македонија да им овозможи една проба на сцената на која го изведуваат драмскиот проект;
  • Настапот на драмските аматери го оценува тричлена оценувачка комисија/жири именувано од управниот одбор. Комисијата ги оценува драмските, уметничките и етичките вредности на актерите и аматерските драмски проекти во целина;
  • На ДАФ-Кочани се доделуваат вкупно осум награди: најдобра женска епизодна улога; најдобра машка епизодна улога; најдобра женска улога; најдобра машка главна улога „Никола Димитров”; најдобра режија „Борис Стојчев“; награда за истражување на нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар; ГРАН ПРИ „Васил Ќортошев“ и Специјална награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци.
  • По одржана претстава се организираат разговори во присуство на актерите од ансамблот, изборникот/селекторот, оценувачката комисија, новинари, гости и заинтересирани граѓани. Разговорите ги организира и води водител на разговорите именуван од фестивалската управа;
  • Престојот на учесниците на Фестивалот го обезбедува Фестивалската управа, Градоначалникот на Кочани и градот домаќин. Домашните ансамбли престојуваат еден ден, а странските два дена сметано од денот на пристигањето. Патните и дневните трошоци на ансамблите и актерите ги обезбедуваат и ги сносат учесниците на фестивалот;
  • Во склоп на севкупната фестивалска програма се организираат придружни манифестации од: ликовната, музичката, книжевната, филмската уметност, театарски и книжевен портрет и театарска работилница за аматери режисери и актери, драмски текстописци и друго;
  • На покана на фестивалската управа, со претходен договор со изборникот, во чест на учесниците, на завршницата се поканува угледна театарска куќа од нашата држава или странство.

 

22. февруари 2020 год.
К о ч а н и

ДАФ на Македонија-Кочани
Претседател, Дарко СПАСОВ

Драмски Аматерски Фестивал на Македонија-Koчани
ул. „Кеј на револуцијата“ бр. бб, 2300 Кочани
тел. моб.: 070 / 621-72
Е-пошта: dafkocani@gmail.com
www.dafkocani.com

ДАФ на Facebook