ОДЛУКА НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА НА 60 ИЗДАНИЕ НА ДРАМСКИ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ НА МАКЕДОНИЈА – КОЧАНИ

22 – 27 мај 2023

Во состав:

АНКИЦА БЕНИНОВА – ПРЕТСЕДАТЕЛ

ЖАРКО СПАСОВСКИ – ЧЛЕН

СОТИР ТРАЈКОВ – ЧЛЕН

ЈА ДОНЕСЕ СЛЕДНАТА ОДЛУКА:

  1. Награда споредна женска улога добива Тамара Стојановска за улогата Лиза и Вики во претставата „Драги уметници“ на Театар Чекори од Скопје.

Образложение – таа прикажа квалитетна трансформација и издржана игра при доловувањето на двете улоги.

 

  1. Награда за споредна машка улога добива Никола Кузмановски за ликот на Ласте во претставата „Драги уметници“ на Театар Чекори од Скопје.

Образложение – тој долови комичен лик со минимални а моќни изразни средства.

 

  1. Награда за главна женска улога и се доделува на Анџелија Мировиќ за ликот на Наталија Степановна во едночинката „Просидба“ од Чехов, во продукција на Академско позориште од Ниш, Србија.

Образложение – Таа прикажа сугестивна игра низ различни нијанси, при доловувањето на емотивните состојби на ликот.

 

  1. Награда за главна машка улога ја добива Даниел Гочевски, за ликот на Драган Тарабунов во претставата „Драги уметници“ на Театар Чекори од Скопје.

Образложение – Тој покажа супериорна игра во доловувањето на ликот на режисерот, кој се бори да го прошири репертоарот на театарот, во оваа комедија.

 

  1. Награда за истражување сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар ја добива претставата „Умрежени“ на КУД „Бранко Радичевиќ“, од пододбор Просвета – Почетин, Хрватска, во режија на Цветин Аничиќ.

Образложение – Претставата е коментар на актуелната стварност одиграна низ колективна игра со вклучени лица со посебни потреби. А се осврнува на младите и децата кои се жртви на виртуелната стварност. Во таквата стварност недостасува љубовта како потреба за спас за човечноста, а тоа е она што инстистира овој театарски чин.

 

  1. Награда во категорија за деца и младинци добива претставата „Црвенкапа“ на драмското студио „Летечка Театарска Трупа“ од Тетово во режија на Зоран Јовановски.

Образложение – Наградата се доделува за иновативниот пристап во адаптацијата на бајката и за успешно избегнатото насилство, на што инстистира оригиналниот текст, со суптилна разрешница на самиот крај.

 

  1. Награда за режија „Борис Стојчев“ ја добива Кристина Атанасова Арсова за претставата „Тунел“ на театарската група „Годо“ од Кочани.

 

  1. Гран при награда „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава на 60 издание на Драмски аматерски фестивал ја добива претставата „Тунел“ на театарската група „Годо“ од Кочани, во режија на Кристина Атанасова Арсова.

Образложение – претставата фрагментирано се осврнува кон сите типови на насилство, физичко, емоционално, врсничко, семејно. Конфликтите беа прикажани низ силна уверлива драмска игра и кореографија, со особена поетика и критика на актуелната стварност.

 

Претседател Анкица Бенинова

Драмски аматерски фестивал на Македонија – Кочани

 

Кочани

27 мај 2023 г.