Oваа новонастаната состојба со пандемијата ни ги измести сите планови и ни воведе нови правила и норми на однесување. Новите правила на игра, особено потребата од физичко растојание воведе нов ритам во нашите животи. Новите правила при изведба на една театарска претстава не секогаш се можни, затоа што актерите се во жива комуникација меѓу себе. Затоа при донесувањето на одлука да се обидеме да го организираме фестивалот ДАФ 2020 во септември и првата недела од октомври ги зедовме предвид протоколите/правилата во новонастанатата ситуација, а тоа е дека фестивалот нужно треба да се одржи на отворено (Фестивалот оваа година би бил во септември и првата недела од месец октомври, а претставите би се прикажувале за време на викендите (петок и саботи), во вечерните часови, во Градскиот парк, Трговскиот центар и „Споменикот на слободата“, односно на локации што допрва ќе ги разгледаме, а кои ќе соодветствуваат со безбедното одржување на фестивалот
Многумина од вас веќе пратија снимки од подготвените претстави за фестивалот. За таа цел, како што објавивме, ви се обраќаме со уште еден повик, доколку веќе имате подготвено претстави, следејќи ги препораките за заштита од Ковид-19 да нѐ контактирате (испратете мејл на со ваш телефон за контакт), за заеднички да ги разгледаме можностите за учество на ДАФ 2020.
