Управата на ДАФ ве поздравува и навива оваа состојба со Ковид-19 да стивне и да ја снема од лицето на Земјината топка. Во меѓувреме вие слободно праќајте ни снимки од вашите претстави, селекторот ги гледа и веќе прави избор. Тешко е да се најави точен датум за почетокот на Фестивалот (како можни датуми би биле втората декада од јули, првата или последната декада од август, септември, најдоцна октомври), но учесниците од сите избрани претстави ќе бидат известени најмалку 21 ден пред датумот за почеток на ДАФ 2020. Читајте, читајте на глас, изговарајте го наученото на глас! За што побргу да ја разбиеме тишината по нашите сцени, да се вклучат рефлекторите и да одекне аплауз! Срдечен поздрав.

Појаснување!!!
 
Да нема недоразбирање, снимките од вашите претстави можете да праќате само доколку ги имате. Останатите што немате направено снимка ПОЧЕКАЈТЕ дури да се создадат услови за тоа. Не брзајте. Чувајте го здравјето.