Почитувана публико,

На овогодинешниот повик за пријавување на претстави за  59. издание на ДАФ, пристигнаа 16 претстави. По прегледот на пристигнатиот материјал од страна на селекторот, Управата на Драмски аматерски фестивал ги објавува претставите кои се избрани за настап:

Претстава Театар
„Како да се ограби банка“  ЈОУ Дом на култура „Македонија“, Гевгелија
„Приказна за волшебната шума“  Дом на култура „Иван Мазов Климе“, Кавадарци
„Тирамису“  Театарска школа „Фабрика за мечти“ при Интимен Театар Битола
„Мисури“  Театар Лево – Установа културе града Београда АКУД „Лола“ – Белград, Р. Србија
„Пола пола“  „Аматерско позориште Хранислав Драгутиновиќ“ – Дом културе „Радивој Увалиќ Бата“ – Прокупље, Р. Србија
„Раѓање“  АП „Бранислав Нушиќ“ – „Културно образовни центар Шид“- Шид, Р. Србија
„Гласови“  Отворена сцена „Театар Чекори“ – Скопје
„Тој и Таа“  Театарска Група „Годо“, Кочани
„Кој се фали ќе зажали“  „Тинтири Минтири“ – Скопје
„Ништо не е страшно“  Центар за изведувачки уметности и едукација „Театар Пи“ – Скопје
„Самоубиство во самоодбрана“  Алтернативен Театар „Отпишани“ – Скопје
„Ноќите во бел сатен“  Аматерски театар при Дом на култура „Мирка Гинова“ – Демир Капија
„За нашиот Горан“  Актерска школа на Весна Бејби Петрушевска, КМК Продукција & МНТ – Скопје

 

Се гледаме за 2 недели во Кочани!